Вага и Риби
Претставниците на Вага и Риби во почетокот може да бидат привлечени еден кон друг, но тие нема да бидат стабилен пар во иднина. Тие имаат премногу разлики во карактерите и постепено овие разлики ќе откопуваат јаз помеѓу нив. Штом исчезне искрата во нивната врска, овие две лица ќе почнат да се чувствуваат збунети, незадоволни и потиснати од своето не особено хармонично партнерство.
Близнаци и Скорпија
На почетокот луѓето од овие две ѕвездени знаци ќе сакаат да бидат заедно, ѕвездите сепак едноставно не се во нивна полза. Најлош дел од нивната врска е фактот дека двајцата никогаш не успеваат да најдат доволно време за да бидат заедно. И двата ѕвездени знака се склони да бркаат кариера и во целина се опседнати од своите цели на професионален план. Постепено заљубениот пар Близнаци и Скорпија се отуѓува и од спонтаното, романтично минато не останува трага.
Стрелец и Јарец
Овие две ѕвездени знака едноставно не можат да одат рака под рака во животниот план. Едниот од нив е ловец, а другиот е плен. Проблемот е што Јарецот не сака да биде во улога на плен. Во почетокот тој ќе настојува оваа врска да функционира, но постепено ќе одлучи дека нема смисла. Уште повеќе што при овие два лика недостасува сексуална хемија, што обично води до неверства од страна на Стрелецот, а Јарецот тоа не би го простил.
Продолжува на страна 3



















