Хороскопски знаци со чиста душа

1465

Стрелец

Стрелците се смели, непредвидливи и храбри и оставаат впечаток како да не се плашат од ништо, но и дека пристапот до нив не е баш лесен. Сепак, се работи за топол, љубезен, нежен и срдечен хороскопски знак.

Тие се спремни да се откажат од сè за да помогнат на некој кој им значи или кој во минатото бил добар кон нив.

Амбициозни се и сакаат признанија, но и покрај тоа се подготвени да бидат љубезни и големи хуманитарци, без да бараат ништо за возврат.

Риби

Нивната нежна и ранлива душа се соживува со трогателни приказни и тажни животни судбини. Тие имаат чисто срце, љубезни се и искрени во советите кои ги даваат.

Ако имате пријател роден во знакот Риби, можете да бидете сигурни дека несебично ќе ве слуша, а во исто време внимателно ќе ги избере зборовите за поддршка и ќе ви помогне да го решите проблемот.

Простуваат на оној кој ги повредил и целосно веруваат дека такво нешто веќе нема да се повтори.