Грешки поради кои кожата предвремено старее

905

Стареењето е нешто сосема природно и со него треба да се соочите достоинствено и самоуверено.

Меѓутоа, лошите навики и начин на живот во помала или поголема мера ќе влијаат на предвременото стареење на вашата кожа.

За среќа, може да го спречите тоа, ако станете свесни за следниве грешки што сите жени ги прават…

Прекумерно изложување на сонце без соодветна заштита

Изложувањето на сонце е фактор што придонесува за појава на дамки и брчки, а истовремено се намалува и еластичноста на кожата. Дури 70% од процесот на стареење зависи од количината на сончева светлина на која нашата кожа е изложена во текот на животот. Без оглед на тоа дали го поминувате денот на плажа или трчате по градот извршувајќи разни обврски, заштитата од сонце е неопходна. Се препорачува секојдневно нанесување крема за сончање, особено на оние делови од кожата кои не се покриени со облека.

Храна полна со шеќери

Овошјето и зеленчукот се главен извор на антиоксиданси. Тие слатки и здрави производи можат делумно да го неутрализираат оксидациското оштетување предизвикано од претераната изложеност на сонце. Освен тоа, овошјето и зеленчукот се богати со витамин Ц кој е клучен за правилното производство на колаген. Експертите советуваат да одбегнувате храна што содржи многу шеќери или други преработени јаглени хидрати, бидејќи токму тие производи можат да го забрзаат стареењето на кожата.

Прекумерна количина на алкохол

Алкохолот ја дехидрира кожата и со тоа прави да изгледа постаро. Консумирањето прекумерна количина на алкохол може да доведе до пукање на капиларите и појава на црвенило на образите и носот. Сѐ уште можете да уживате во летните безалкохолни коктели, а ако случајно испиете по некоја чашка алкохол, најдобро е да останете на неа.

Пушење

Пушењето предизвикува појава на тенки брчки кои обично се појавуваат на места каде што кожата е многу тенка, најчесто од страните на очите и над горните усни. Овие линии се појавуваат 10-15 години порано кај пушачите во споредба со непушачите. Причината лежи во намалените нивоа на витамин Ц во крвта на пушачите, кои во просек се 60% пониски во однос на оние кај непушачите.

Физичка неактивност

Умереното вежбање може да ја подобри циркулацијата и да ја поттикне работата на имунолошкиот систем. Со вежбањето го добивате најдоброто од двата света: младешки изглед и губење вишок килограми.

Неправилна нега на кожата

Претераното чистење и грубото триење може да ја иритира кожата, а нејзиното дразнење може да го забрза стареењето. И со нежното чистење ќе можете подеднакво добро да ги отстраните нечистотиите и остатоците од шминка. Најдобро е да го миете лицето два пати дневно, па и почесто доколку се потите повеќе. По миењето, секојдневно нанесувајте хидратантна крема и одбегнувајте да користите производи за нега на кожата кои ви создаваат чувство на пецкање.