Гневот го слабне имунолошкиот систем и виновен е за мозочните и срцевите удари

1969

Чувството на лутина или бес е нормално и потребно, но чувството на силен гнев и голема лутина го уништува срцето и крвните садови, го слабее имунолошкиот систем, а поврзано е со депресија и воспалителни процеси

Нездрави епизоди на лутина, како што се експлозивните изливи на лутина или насочување на гневот на самиот себе – го уништува организмот.

Оние кои често се лути или тешко го контролираат чувството на лутина, освен што се непријатни за околината и им создаваат стрес, го уништуваат и своето тело. Во физичка смисла, неконтролираниот гнев најмногу влијае на кардиоваскуларниот систем. Освен што два пати ги зголемува шансите за срцев удар, гневот и незадоволството кај кој се вложува голем напор да се контролира тесно се поврзани со срцевите заболувања и го удвојува ризикот од васкуларните болести.

Од друга страна, конструктивниот гнев, оној во кој зборувате со некој кој ве налутил, и на мирен и рационален начин го решавате проблемот, нема никаква врска со срцеви заболувања туку е нормална и здрава емоција. Кај луѓето кои имаат аневризма (проширување на артериите), по експлозија на лутина шест пати е поголема можноста таа да пукне. Гневот го ослабува имунолошкиот систем, па оние нервозни и лути почесто ќе бидат болни, што може и дополнително да ги налути. Но, не страда само физичкото здравје, туку и она менталното.

Силниот гнев може да ги засили симптомите на општа вознемиреност. Депресијата и лутината се директно поврзани, главно кај мажите. А да си ги олеснат непријатните симптоми, лекарите советуваат активности кои ќе ја “истрошат” лутината, како возење велосипед или трчање.

Лутина и гнев

– Мозокот работи асиметрично, а кај лутината се активира левата страна на мозокот

– Два часа по изливот на лутина двојно е поголема шансата за срцев удар

– Три пати е поголем ризикот од мозочен удар поради згрутчување на крвта

– Шест часа по лутината клетките на имуноглобулинот се намалени

– 1/4 од луѓето понекогаш е загрижена за тоа колку луто се чувствуваат и колку често така се чувствуваат

– 20% од луѓето во светот чувствува лутина во секојдневниот живот и на “обичните” денови

– 2/3 од тинејџерите почувствувале напад на лутина, гнев заради тоа што нешто уништиле или физички се пресметале

– 1/5 од врските пропаѓа поради тоа како луѓето се однесуваат и реагираат во лутина

– 80% од возачите барем еднаш во изминатата година почувствувале и изразиле гнев и лутина во сообраќајот

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.