Фалбите со спортски активности на Фејсбук укажуваат за психички проблеми

463

Луѓето кои ентузијастички пишуваат на социјалните мрежи за своите спортски активности, губењето на вишокот килограми и џогирањето пред зори, најверојатно имаат проблеми со нарцисоидност, пишува „Индепендент“.

Наспроти тоа што голем број постови кои вљубениците во фитнесот ги објавуваат на социјалните мрежи може на другите да им делува мотивирачки или да ги инспирира, студиите покажуваат дека на овој тип на луѓе во најчест број на случаи им недостасува внимание.

Неодамнешното истражување на Универзитетот Брунел во Лондон укажува на тоа дека фитнес вљубениците имаат потреба за постојано потврдување од заедницата на социјалните мрежи.

Дури, иако нивните објави и фотографии често се „лајкувани” тоа не мора да значи дека другите корисници се импресионирани.

– Наспроти тоа што се чини дека трудот на нарцисот се исплати во вид на голем број на лајкови и коментари, многу често се гледа дека корисниците на тие луѓе всушност им пружаат поддршка од учтивост, додека во себе потајно изразуваат негодување поради таквото егоистично фалење, вели доктор Тара Маршал, водечки автор на студијата.

Истражувањето исто така покажува дека луѓето кои пишуваат многу статуси за своите партнери, всушност се многу несигурни во себе.