Еве како да се избере и подготви Батат – сладок компир

4751

ПЕЧЕН СЛАДОК КОМПИР – БАТАТ

Варете нелупен сладок компир и издупчете му ја кората со вилушка, а потоа ставете го во рерна на 30 до 50 минути на 200 степени.

Излупете го бататот, потоа исечете го на коцки, ставете го во вода и варете го неколку минути за да не биде премногу мек, процедете и ставете го во тава со масло на 10 минути, по желба зачинете го.

Гответе го на пареа додека не омекне.

Во микробрановата печка е готов за 5 до 8 минути пресечен на половина.

Комбинација микробранова и печка – прво во микробранова печка целите батати ги печеме 4 минути, а потоа ги ставаме во рерна на 220 степени 5 – 10 мин.

На скара – пресечете го бататот на дебели парчиња (2-3cm) по должината на коренот. Печете 20-25 мин.

Сиров батат – нарибајте го како морков на ренеде и користете го за салата.