Еве како да го кренете серотонинот по природен пат

190

Депресијата е една од најпознатите големи нарушувања во современото општество. Тоа може да го преврти животот целосно и да доведе до тешки последици како во социјалниот, така и во физички план.

Депресијата се поврзува со драстично намалени нивоа на серотонин. Симптомите се раздразливост, празнина, безнадежност, лошо расположение, мрачна визија за иднината, а во потешки случаи дури и самоубиствени мисли.

Лекарите ќе ви препишат антидепресиви, со кои ги блокираат овие симптоми и му даваат шанса на серотонинот да се врати на нормалните нивоа. Овие лекови сепак имаат голем број на несакани ефекти.

Можете да го зголемите нивото на серотонин по природен пат со некои секојдневни практики. Кои се тие?

1. Јадете повеќе житарици и семиња. Тие имаат својство да го покачуваат серотонинот, а корисните јаглехидрати во нив ја негуваат мозочната активност. Меѓу нив се киноа, жито, просо, хељда, амарант.

2. Со набавка на повеќе витамин Б6. Тој се содржи во природни извори како репка, спанаќ, лук, карфиол, зеленолистен зеленчук, целер, риба, посно говедско месо (без масти).

3. Секој ден вклучувајте барем една ферментирана храна. Природната ферментација ги збогатува производите со корисни квасци и пробиотици. Тие помагаат за правилно искористување на хранливите материи, ја подобруваат дигестивната функција, а како позитивен ефект од тоа следува зголемување на серотонин.

4. Повеќе сончева светлина. Таа придонесува исклучиво за синтеза на витамин D, кој пак учествува во зголемувањето на серотонин, се бори со депресијата и го подобрува расположението.

5. Вежбајте секој ден. Дури и минимални вежби по 20-30 минути на ден имаат позитивно влијание врз секрецијата на серотонин.

6. Престанете со консумирање на преработените шеќери. Пакуваната т.н. храна е штетна поради високото количество шеќери во нив. Тие ја потиснуваат нормалната секреција на серотонинот и придонесуваат за продлабочување на депресијата.