Едноставен тест кој открива симптоми на мозочен удар

2360

Симптомите на мозочен удар кои најлесно се препознаваат вклучуваат нарушувања на говорот, слабост и / или вкочанетост на едната страна од телото, целосно или делумно губење на видот и нарушена координација и рамнотежа.

Со помош на четири едноставни работи, можно е да се утврди дали некое лице има мозочен удар. Кажете му на лицето за кое сте исплашени и не сте сигурни дали станува збор за мозочен удар да се насмее, да каже нешто, да ги крене рацете и да го извади јазикот.

Ако некое лице не може да ги подигне двата краја на усните, зборува некохерентно, чудно или несфатливо, ако едната рака му е послаба и паѓа, а јазикот му е „искривен“ или оди на едната или другата страна, тоа значи дека нешто не е во ред.

Оваа проверка ќе ви даде доволно време да побарате медицинска помош и да спасите нечиј живот. Патем, овој вид тестирање во светот се нарекува „FAST тест“:

  • F како face/ лице што сеискривува од едната страна поради мозочен удар
  • A како arms/ раце затоа што едно лице не може да ги испружи обете раце
  • S како speech/говор, бидејќи едно лице не може да зборува јасно и да разбере што му зборувате
  • Т како time/ време

Ако забележите некој од овие знаци, мора да повикате брза помош.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.