Е, ОВА Е ЛОША ВЕСТ … | Научниците потврдуваат: Заштитата од вакцината опаѓа во рок од шест месеци – И знаеме што значи тоа …

1359

Во најлош случај, заштитата до зимата може да падне под 50% за постарите луѓе и здравствените работници во Велика Британија. Веројатно ќе биде потребна ревакцинација.

Заштитата од „Ковид-19“ обезбедена од двете дози на вакцини Pfizer/BioNTech и AstraZeneca почнува да опаѓа во рок од шест месеци, открија британските научници, па најверојатно ќе биде потребна ревакцинација.

По пет до шест месеци, ефективноста на Фајзровата вакцина против зараза со коронавирус во рок од еден месец по втората доза се намалила од 88% на 74%, се вели во анализата на податоците собрани во британската студија ZOE COVID. За вакцината AstraZeneca, ефективноста се намалила од 77% на 67% по четири до пет месеци.

Заштитата до зима паѓа под 50%?

Истражувањето се базира на податоци добиени во повеќе од 1,2 милиони тестови. Претходните анализи на податоците сугерираа дека вакцините обезбедуваат заштита најмалку шест месеци.

Во најлош случај, заштитата може да падне под 50% за постарите луѓе и здравствените работници до зима, рече водечкиот научник во таа студија Tim Spector.

Британците подготвуваат план за вакцинација

“Ова покажува дека треба да се направи нешто. Не можеме само смирено да гледаме како заштитата полека опаѓа, додека бројот на новозаразени е сѐ уште висок како и шансите за инфекција”, рече тој за BBC.

Британија подготвува план за вакцинација подоцна оваа година, откако главните научни советници проценија дека од септември можеби ќе треба да се вакцинираат со третата доза старите лица и најранливите групи.