И ТАКА ТРГААТ ПРОБЛЕМИТЕ ВО ТОАЛЕТОТ … | Докторка објаснува зошто мокрењето под туш е всушност многу лоша идеја и ова навистина има смисла

1616

Докторката ја поврза оваа навика со експериментот на Павлов врз кучиња и објасни зошто тоа не е добра идеја на долг рок.

Докторката Alicia Jeffrey-Thomas неодамна ги предупреди жените на TikTok за штетноста од мокрење под туш. Имено, таа тврди дека оваа практика може да доведе до проблеми со мокрењето во иднина.

Аргументот за мокрење под туш би бил да заштедите дури 2.190 литри вода годишно, што дефинитивно е добро за планетата, но можеби не е добро за здравјето.

Имено, Jeffrey-Thomas тврди дека мокрењето под туш ги оштетува мускулите на карличното дно и догорочно не е добра идеја.

Поопасно за жените

Таа го спореди првото мокрење под туш со експериментот на Павлов врз кучиња. Иван Петрович Павлов обучил кучиња да го поврзуваат звукот на ѕвона со доаѓањето на храната. Ова на крајот довело до тоа кучињата да почнат да се лигаат секој пат кога ќе го слушнат ѕвоното, дури и кога не би добиле храна.

“Ако уринирате под туш или уринирате додека тече вода од чешма, создавате врска во мозокот помеѓу звукот на проточната вода и мокрењето. Кога ќе ја земеме предвид мускулната дисфункција на карличното дно, сега или подоцна, тоа може да доведе до проблеми со истекување на урината кога ќе го слушнете звукот што тече како вода”, објасни Jeffrey-Thomas.

www.tiktok.com

Жените се повеќе загрозени бидејќи нивната анатомија не е прилагодена на мокрење од нога.

“Вашите мускули на карлицата не се опуштаат правилно, што значи дека нема целосно да го испразните мочниот меур”, рече докторот.

Еден следач ја праша зошто не би можеле да клечиме додека уринираме под туш, а таа во следното видео одговори дека е најдобро да се игнорира желбата за мокрење под туш.