Тестови на крвта за 10 различни видови на рак можат еден ден да им помогне на лекарите да ја идентификуваат болеста пред пациентите да покажат симптоми, пишува Guardian.
Имено, испитување со име ликвидна биопсија открива мали честички ДНК кои во крвта испуштаат клетки на ракот. Особено добри резултати на тестовите дава во случај на рак на јајчник и рак на панкреас, иако тоа е мал број на случаи на рак откриени досега (преку овој метод вкупно се утврдени само 10 случаи на рак на јајник, иако дури 90% е сигурен начин).
Истражувачите се надеваат дека ова тестирање ќе стане дел од универзалните испитувања кои лекарите можат да го користат за откривање на рак кај пациентите.
“Ова е потенцијален Свет грал во истражување на ракот, да се пронајдат тешко излечиви видови рак во рана фаза, кога тие полесно се лекуваат. Се надеваме дека овој тест би можел да спаси многу животи”, вели д-р. Ерик Клајн, раководител на истражувањата од клиничкиот Институт за канцер во Кливленд.
Истражувачкиот тим ги вклучи и научниците од Универзитетот Стенфорд, а резултатот на студијата е презентиран на годишната конференција на Американското друштво на клинички онколози во Чикаго.
Тестирање било најточно во случај на дијагноза на рак на панкреасот, рак на јајник, црниот дроб и жолчката, а точно ја идентификува болеста кај најмалку четири од пет пациенти.
Во случај на лимфом и миелом тестирањето беше помалку точно – 73% и 77%, а во случај на рак на дебелото црево кај два од три пациенти. Ракот на белите дробови е откриен кај 59% од пациентите, рак на главата и вратот во 56 проценти.
“Иако се потребни повеќе истражувања, испитувањето би можело да се користи кај здрави возрасни лица на одредена возраст, нпр. кај 40-ци, за да се утврди дали имаат рани знаци на рак”, вели Klein за Guardian.



















