Еве зошто е многу здраво и редовно да се пие јогурт

268

Традиционално се верува дека има позитивен ефект врз здравјето на дигестивниот систем, зајакнување на имунитетот и коските.

Се поставува прашањето: зошто е важно но, и добро, да пиете јогурт?

Ферментираните производи се наоѓаат во некои траги на древните цивилизации и пред 10-15.000 години. Во поновата историја, со значењето на Луј Пастер се истакнува првото индустриско производство на јогурт во Европа, кое е во Барселона го отпочна Isaac Carasso. Интересно е, дека производството го започнал со користење на бугарската култура на јогурт или кефир која таму традиционално се користи со векови во домаќинствата и бесплатно се дели. Самото потеклото на јогуртот во ЕУ е поврзано за подрачјето на југоисток и на Балканот, а голем чекор во популаризација направил рускиот научник Илија Илич Мечников, кој во неговата теорија за долговечност го истакнува значењето на јогуртот.

Дека јогуртот е и храна и лек, потврдуваат и голем број истражувања, а традиционално се верува дека јогуртот има позитивен ефект врз здравјето на дигестивниот систем, зајакнување на имунолошкиот систем, коските и забите, богат е со витамини и минерали и помага при антитуморната терапија на болните. Функционалните својства на јогуртот на човечкиот организам се должи на дејството на културиите и биоактивни соединенија како што се протеини, млечни и други органски киселини кои настануват со ферментација или со додавање на други корисни бактерии. Затоа, тој во споредба со сирењето и млекото, заради составот и уделот на нутриентите има поголема хранлива и функционална вредност. Според препораките на нутриционистите (во некои земји и три пати на ден), јогуртот може да игра важна улога во зачувување и подобрување на општата здравствена состојба.

Тој е одличен извор на калциум, фосфор, рибофлавини, тиамин, витамини, фолна киселина, ниацин, магнезиум и цинк. Биоактивните пептиди имаат седативна и аналгетска активност и на тој начин активно влијаат на имунолошкиот систем. Антихипертензивните пептиди го намалуваат притисокот, антитромботички оневозможуваат формирање на тромби, и ослободуваат од болка и го олеснуваат спиењето. Масните млечни киселини го намалуваат холестеролот во крвта, CLA го инхибира формирањето на клетките на ракот, има антиоксидантен ефект, ја поттикнува минерализацијата на коските и намалување на телесната тежина. Млечната индустрија во последниве децении на пазарот изнесува десетици јогурти со нови вкусови, а и сега постојат стотици различни видови.

На постарите лица често им се препорачува за ублажување на симптомите со честа употреба на лекови, на младите, заради калциумот за развој на коските, но науката сѐ уште не дала писмено образложение за подлабоки причини за неговата потрошувачка со бурек со месо или пита со сирење и зеленчук.

Една од претпоставките е дека ја намалува горчината во желудникот (ја намалува киселината).