
Возбудливи моменти
Куве и Фин го опишуваат добивањето на документот од ЦИА во август 2012 година како „најдобар момент“. „Стаса со редовна пошта на домашната адреса на Питер во Вирџинија“, вели Куве. Во следните месеци авторите заминале во Милано за да го интервјуираат синот на Џанџакомо Фелтринели, првиот издавач на романот „Доктор Живаго“ на италијански јазик. Книгата се појавила во 1957 година во Италија. Куве се сеќава: „Тогаш Питер ми го даде документот. Тоа беше прекрасен ден, па седев на клупа во еден мал парк со куп хартии пред себе. Бев возбудена. Истражувањата ги започнав уште во 1997 година. Дали ова ќе биде ‘големото финале’?“

Веднаш знаев дека ЦИА е вмешана во печатењето на првото издание на романот на руски јазик“, вели Куве. Документите биле редигувани, но авторите успеале да ги „ископаат имињата“ и да дознаат повеќе за актерите во овој настан врз основа на архивската граѓа и интервјуата. Друг „возбудлив момент“ за Фин бил контактот со ракописот прокриумчарен за Фелтринели. „Страниците беа поврзани со канап и на нив се гледаше ракописот на Пастернак“, се сеќава тој.
Книгата „Случајот Живаго“ започнува со опис на настаните од мај 1956 година, кога криумчарот на ракописот, италијанскиот новинар Серџо д’Анџело, тргна во слеската дача во Переделкино за да го убеди Пастернак да му го предаде своето дело. Авторите имаат објавено интервју со д’Анџело, кој и самиот има напишано книга за „случајот Пастернак“.
Овој роман има големо пропагандно значење не само поради самата порака која наведува на размислување, туку и поради околностите под кои е печатен.
Допис на ЦИА упатен до шефовите на одделите за СССР
Продолжува на страна 4


















