
Гласовите се вистина
Изненадувачкиот факт за вмешаноста на ЦИА во првото издание на овој роман на руски јазик е потпората на новата книга на Петра Куве и на Питер Фин „Случајот Живаго“, која неодамна беше објавена во издание на „пантеон“. „Интересна е и самата приказна во овој роман – од настанувањето до контроверзиите околу Нобеловата награда“, вели Куве, предавач на Санктпетербуршкиот универзитет. Како што започнала да ги открива тајните околу објавувањето на романот, приказната станувала сè позанимлива.
Куве уште во деведесеттите години од минатиот век доаѓа до сознание за улогата што ја има одиграно холандската разузнавачка служба (БВД). Еден поранешен службеник на оваа организација ѝ рекол дека БВД на барање на ЦИА има помогнато романот да биде објавен на руски јазик во Холандија. „Првата статија што ја напишав се занимава со реконструкција на настаните и се засновува на холандски, француски, руски, германски и на американски извори“, вели Куве. Статијата е објавена во јули 1998 година во едно амстердамско литературно списание, со „донекаде неодреден крај“. Во јануари 1999 година врз основа на оваа статија снимена е популарната телевизиска документарна емисија.
Емисијата ја гледале и двајца поранешни агенти на БВД вмешани во операцијата „Живаго“. Еден од нив, Кес ван ден Хувел, на своите осумдесетина година, добил желба да изнесе уште податоци. „Го посетив неколку пати“, вели Куве. „Ми рече дека ЦИА била главен иницијатор на проектот ‘Живаго’, што претставуваше прво конкретно сведоштво за вмешаноста на оваа агенција“.

Питер Фин, сегашен уредник на темите за национална безбедност во „Вашингтон пост“ и поранешен шеф на московското дописништво, пишуваше за ова во 2007 година, а две години подоцна прв од ЦИА побара да го види документот поврзан со случајот „Живаго“. Барањето му било одбиено: „Првиот одговор што го бев добил беше едноставен – не“, вели Фин. „Секако, како и секој новинар, не се откажувам лесно“.
„Питер разговараше со неколку поранешни службеници на ЦИА“, продолжува Куве. „Тие му укажаа на ова Одделение за историски записи и историчарите од агенцијата покажаа извесна заинтересираност…“ На крајот, три години по првото барање на Фин, авторите го добиле документот кој долго време го чекаа. Гласовите за вмешаноста на ЦИА во објавувањето на изданието од 1958 година „се ширеа и за тоа се шпекулирало речиси од моментот кога оваа книга се појавила“, објаснува Фин, но агенцијата дури сега „конечно ја призна својата улога во оваа работа“.
Продолжува на страна 3


















