Денес е невозможно да се биде анонимен, еве зошто

1683

Новинарот на порталот BBC Bryan Lufkin во една од своите статии известува за современиот однос кон анонимноста и за тоа како човекот може да се справи со промените околу анонимноста на интернетот.

Деловите од таа статија ги пренесуваме подолу.

Големи предизвици

“Кога ќе влезете во просторијата каде што никој не ве знае, чувствувате анонимност – социо-културен феномен кој ја овозможува приватноста и слободата. Но, во 2017 година, таа речиси и не постои. Така настана еден од современите предизвици – како да се обезбеди национална безбедност и да се подобри животот преку технологијата, а истовремено да се зачува основното право на приватност?”

Заради интернетот престанавме да внимаваме

“Анонимноста (Грч. без име) е единственото човечко психолошко искуство и идеја дека сите ние имаме идентитет со кој се претставуваме пред светот, семејството, пријателите и соработниците, но имаме и приватен идентитет – внатрешен простор во кој можеме да ги проучуваме своите мисли и чувства. Тие го прават нашиот севкупен идентитет, а без нив нашето здравје може да биде нарушено.

Анонимноста нѝ овозможува да ги искажеме нашите идеи или да доживееме нови работи, без да нѐ осудат. Но, студиите како една од 2013 година, спроведена од страна на Истражувачкиот центар Pew, покажуваат дека мнозинството на корисници на интернетот сметаат дека на интернет не е можно да се биде комплетно анонимен. Се покажало дека, иако луѓето ја ценат приватноста, не преземаат многу за да ја заштитат. Во 90-тите години, на интернет во голема мерка имало предупредувања да не се откриваат приватните информации, а денес луѓето доброволно ги оставаат насекаде, нпр. на социјалните мрежи, бидејќи на луѓето им се чини дека интернетскиот простор е имагинарно место без вистински граници, каде што тие можат да прават и да кажат она што не можат во реалниот свет.”

Повлекување од социјалните мрежи не е решение

“Компаниите и оние кои ги поставуваат рекламите денес со технологијата и бизнис договорите ги следат вашите активности на интернетот и се обидуваат точно да ја одредат вашата локација заради “персонализираните” реклами, и можат, на пример, да ви испратат една реклама на вашиот паметен телефон за продавница која се наоѓа во близина на вашата моментална локација.

Peter Swire, професор по право и етика на Институтот за технологија во Џорџија, вели дека анонимноста не постоела во малите градови, туку се појавила со развојот на големите градови. Но, таа има темна страна, бидејќи голем број на интернет корисници се вклучени во малициозни активности – хакирање, малтретирање на други интернет корисници, со посета на страници со насилна содржина и порнографија, и симнување на незаконски материјал.

Јавноста е поделена помеѓу чување на приватни информации како што се информации за банкарска сметка и медицински информации и жртвување на некои информации за поголемо добро, како што е спречување на терористички напади.”

Што да се прави

“Се покажа дека јавноста нема доверба во тоа дека Владата и големите институции ќе ги заштитат нивните приватни информации. Затоа е најдобро секој корисник поединечно да избира сложени, заштитени и различни карактери, да не се стават информации во e-mail или пораки за кои би му пречело тие да се на насловната страница на весниците и да се користат со заштитени апликации како WhatsApp за комуникација.

Swire вели дека е важно да се остави дел од приватниот простор за најдлабоките соништа и темни фантазии кои се скриени од другите, затоа што така подобро можеме да се развиеме како луѓе”, вели Lufkin.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.