Почина легендарниот менаџер Велибор Џаровски Џаро

112

Познатиот менаџер, Велибор Џаровски, човекот кој го нарекуваа „кралот на местенки“, почина на 75-годишна возраст, по кратко боледување, а семејството ја потврди веста.

Урбаните легенди за овој харизматичен шемаџија се прераскажуваат до ден денес.

Популарниот Џаро, по сопствено признание, наместил десетици фудбалски натпревари во поранешна Југославија.

Тој во средината на 2015 година во интервју позитивно одговорил на прашањето дали и денеска има наместени натпревари во Србија.

Џаровски беше менаџер и на многу естрадни ѕвезди, ги претставуваше Здравко Чолиќ, Бијело Дугме, Мишо Ковач, Оливер Драгојевиќ, Тереза ​​Кесовија и многу други.

Организирал и бројни концерти, а никогаш не криел дека во текот на животот мести спортски натпревари.

Првиот што го наместил бил натпреварот помеѓу Југококта и Тиквеш и платил 500.000 динари за да се одвива онака како што си замислил. Верувале или не, тој успеал да договори нисколигашки натпревар во Македонија да заврши со резултат 134:0. Тоа е мечот помеѓу Лескоец и Велгошти, кој се одиграл далечната 1971 година.

Во истото интервју од 2015 година, „кралот на местенките“ објаснил како се средени резултатите од натпреварите.

„Има наместени натпревари, сите се вклучени во тоа. И раководството, стручниот штаб и играчите, односно лажните натпревари, со тоа се запоззнати и неколку играчи. Кој го прави тоа денес? Сите! Местенките ги прават политичарите кои се на власт, а се вклучени во работата на клубовите. Тоа го прават за своја промоција. Можно е најдобриот играч на теренот да го намести натпреварот. Секој што знае да гледа лесно може да утврди дека натпреварот е наместен“, изјави Џаровски во 2015 година.

Сочуство до фамилијата.