Ново шокантно откритие за Титаник ! Во моментот на трагедијата во близина бил брод, конечно е откриено зошто не помогнал

284

Британскиот весник „The Times“ објави текст во кој наведува дека документите кои се повторно анализирани укажуваат на тоа дека Титаник потонал поради необичен метеоролошки настан – „температурна инверзија“, во која студениот воздух продира под потоплиот воздух.

Според историчарот Tim Maltin, токму температурната инверзија довела до судир со сантата мраз, по што ја попречила спасувачката операција.

Тој тврди дека на 15 април 1912 година студен воздух со помош на Лабрадорската струја избил од под топлиот воздух што го носи Голфската струја. Според него, ефектот од таков настан е фатаморгана што може да ги натера луѓето да мислат дека одредени предмети се поблиску отколку што се.

Иако „Титаник“ бил осуден на пропаст од моментот кога удрил во сантата мраз, огромната загуба на животи можел да се избегне доколку на помош му дошол SS Californian, кој пловел во близина, пишува весникот.

Мартин истакнува дека екипажот на SS Californian го видел Титаник, но дека поради температурната инверзија заклучиле дека не гледаат голем брод во далечината, туку помал поблиску до нив.

Ако правилно го идентификувале Титаник, можеби ќе можеле да комуницираат со него и да дознаат што се случува – наместо тоа, тие претпоставиле дека помалиот брод што го виделе немал таква опрема и неуспешно се обиделе да остварат контакт користејќи светилник, додава историчарот.

Maltin тврди дека двата брода не можеле да ги читаат сигналите поради атмосферското нарушување. Професорот Andrew Young од San Diego State University се согласува со него, и потврдува дека имало „супериорно привидение во леденото поле каде што потонал Титаник“.

– Илузијата и поврзаните феномени на рефракција придонеле за конфузија во моментот на несреќата – објаснува Young.

Титаник, кој удрил во санта мраз во 23:40 часот на 15 април 1912 година, и од 2.240 патници и членови на екипажот кои испловиле со Титаник, повеќе од 1.500 загинале.