Чудовиштето од Loch Ness го крева светот на нозе ! На ловците итно им е потребна помош, се чека реакција на NASA

1667

Центарот Loch Ness побара помош од американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (NASA) во нова потрага по чудовиштето од Loch Ness во Шкотска.

„Се надеваме дека ловците од целиот свет кои ја бараат Nessie (чудовиштето) ќе ни помогнат да дојдеме до луѓето во NASA“, рече Amy Todd од Loch Ness Center, пренесува Sky News.

Таа додава дека се надева дека центарот со помош на социјалните мрежи ќе допре до луѓето од NASA, и дека нивните експерти ќе учествуваат во потрагата по чудовиштето.

„Се надеваме дека експертите на NASA би можеле да имаат некоја напредна технологија за снимање за да го скенираат езерото“, рече Todd.

Во август минатата година била организирана една од најголемите потраги во историјата по чудовиштето „Nessie“, во која учествувале стотици луѓе.

Оние кои ја следеле акцијата од брегот изјавиле дека не забележале ништо необично, а други кои отишле со брод и користеле акустична опрема изјавиле дека „во неколку наврати слушнале неидентификуван бум“, но и дека „доцна сфатиле“ дека уредот за снимање звук не бил вклучен, објави BBC.

Приказните за чудовиштето постојат со векови, но модерниот мит за Nessie започнал во 1933 година кога директорката на „Drumnadrohith Hotel“, Aldi McKay, изјавила дека видела суштество слично на кит.

Оттогаш се организираат потраги по чудовиштето „Nessie“, но досега ниту една не вродила со плод.