Вештачката интелигенција би можела да биде незаменлива алатка во раното откривање на ракот

1007

Вештачката интелигенција открила 20 отсто повеќе видови на рак од специјализираните радиолози.

Според првите резултати од истражувањето, вештачката интелигенција би можела да помогне во подобро дијагностицирање на ракот на дојката, особено во земјите каде што нема доволно радиолози, пренесува германската новинска агенција dpa.

Лекарите и научниците од шведскиот Lund University откриле дека мамографскиот скрининг поддржан од вештачката интелигенција „речиси го преполовил обемот на работа на радиолозите“ за време на рандомизирана студија на шведската национална програма за скрининг на рак на дојка.

Скринингот со мамографија со помош на вештачка интелигенција резултирал со слична стапка на откривање на рак во споредба со стандардното двојно читање, со значително помал обем на работа при читање на екранот, што покажува дека употребата на вештачка интелигенција во мамографскиот скрининг е безбедна, откриваат истражувачите.

Првичните резултати од група од над 80.000 жени во Шведска откриваат дека скринингот со помош на вештачка интелигенција открил 20 отсто повеќе видови на рак во споредба со рутинските двојни отчитувања на мамограми од двајца специјалисти радиолози.

Но, тие истакнауваат дека резултатите од истражувањето нема да бидат конечни „уште неколку години“.

Научниците, чии наоди биле објавени во списанието Lancet Oncology, рекоа дека останува да се утврди како употребата на вештачка интелигенција влијае на откривање на рак во периодот помеѓу редовните прегледи“ пред да одлучат дали употребата на вештачка интелигенција во мамографијата е „оправдана“.

Сè уште треба да ги разбереме импликациите за резултатите од здравјето на пациентите, особено дали комбинирањето на стручноста на радиолозите со вештачката интелигенција може да помогне во откривањето на карциноми во тригодишните интервали помеѓу редовните прегледи кои честопати ги пропуштаат традиционалните скрининг, како и економичноста на технологијата, изјави Kristina Lang од Lund University.

Но, тимот вели дека помошта од вештачката интелигенција можеби е потребна во земјите кои немаат доволно радиолози.

Има недостиг од радиолози на дојка во многу земји, вклучително и недостиг од околу 41 радиолог (8 проценти) во ОК во 2020 година и околу 50 во Шведска, а потребна е повеќе од една деценија да се обучи радиолог способен да интерпретира мамограми, објаснуваат од тимот.