Придобивки за убавината од бананите

1527

Нема жена која не сака да изгледа секогаш одлично.

Чистата и мека кожа е една од водечките цели на дамите, бидејќи водечки тренд за природна убавина се постигнува прво со создавање на убава основа.

Како сепак да ги постигнеме своите цели со убавината?

Секогаш најдобра опција е да се свртиме кон природните состојки и можностите кои природата ни ги дава.

По тој повод денеска ќе ги разгледаме предностите на бананите за убавината. Еве и 5 од најважните придобивки што треба да ги знаете.

Природна хидратација

Бананите се богати со калиум, што ги прави одлична опција за хидрирање на кожата. Сè што ви треба е да ја пресечете на половина бананата и да го користите како маска директно на лицето. За особено сува кожа, додадете мед и ќе го засилите ефектот.

Контрола на акните

Лушпата на бананите е исто толку корисна како што и внатрешноста. Тие имаат антиоксидантни својства и може да направат чуда со кожата. Ако барате решение на акните, можете да го чешкате белиот дел од неа врз погодените области, додека не потемне. Можете да ја повторувате постапката два пати неделно, додека не ги видите разликите.

3Подуени очи

За моментален резултат во домашни услови, користете смачкана банана за да ги намалите подочниците. Нанесете врз зоните и оставете за 15-20 минути. Исплакнете со ладна вода.

Грижа за стапалата

Исто како за лицето, можете да користите изгмечена банана и на нозете. Направете си маска и нека отстои 15 минути. Исплакнете со млака вода, за да се радувате на мазна и мека кожа.

Маска за коса

Бананите може да се користат како терапија против опаѓање на косата. Направете си паста од јогурт и банана, нанесете и оставете за 15 минути. Потоа исплакнете со ладна вода. Ако сакате да додадете и сјај, кон смесата додадете 1 лажица мед.