Daniel Pennac | Еве како вашите деца ќе израснат во силни и независни личности, подготвени за светот

1617

Правото да чита сè

На училиште детето го чита само она кое е составен дел од наставната програма, но сепак важно е да му оставите избор да чита книги и надвор од неа.

Правото на фантазирање

Дозволете му на вашето дете да ја развива соствената имагинација и фантазија и целосно поддржете го во тоа. Ако тоа сака џуџиња или диносауруси, читајте заедно за тоа.

Правото да чита секаде

Дали ќе чита во кревет, за време на оброците, па дури и под масата, воопшто не е важно, сè додека детето е во удобна положба.

Правото да чита на глас

Децата понекогаш сакаат да читаат на глас, особено деловите кои ги сакаат најмногу. Тогаш, обрнете им внимание и внимателно слушајте ги. Ако детето решило нешто да чита на глас, тоа е затоа што сака да ги сподели емоциите и читањето заедно со вас.

Правото на читање сложена литература

Не му забранувајте на детето да чита дури и ако земе книга за нуклеарна физика. Голема е веројатноста да прочита две страници и да ја остави, но сепак таа ќе остане во неговата глава како нешто на кое ќе се наврати во иднина.

Правото да не зборува за тоа што го прочитало

Сосема е во ред ако детето не сака да разговара за тоа што го прочитало. Едноставно, во тој даден момент не е подготвено да зборува за тоа, па затоа не се обидувајте со сила да извлечете нешто од него.