Дали знаете Што Е Среќа?

2418

Желка: за Индијанците таа е мајка на сите суштества која на својот оклоп го носи целиот свет. Симбол е на долговечноста и на здравјето, а фигурите од жад, камен или дрво, ќе ве заштитат од болести и ќе ви донесат среќа.

Мачка: најпопуларна амајлија во Јапонија која ја штити куќата или ве чува на работа. Ако имате продавница, ќе ви намами клиенти, ќе ви донесе пари и, се разбира, среќа.

Змеј: бог на среќата во Кина, таткото на првиот император. Сите кинески цареви владееле под тој симбол на мудроста и божествена моќ. Кога царот би го напуштил светот, змејот би го однел на небото.

Колачиња на судбината: водење војна против Монголите, Кинезите во 13 век во сувите колачиња пренесувале воени пораки. Денес во нив ќе најдете кратки мудрости за љубов, пари и среќа, нешто како мини хороскоп. Во кинеските ресторани на Запад ќе го добиете на крајот на секој оброк. Дури е и за јадење.

Хелен Келер, американска глува и слепа авторка: “Плачев поради тоа што немав чевли додека не видов човек кој немал нозе”.

Ефраим Кишон, израелски писател: “Постојат два вида несреќи. Несреќите кои нѝ се случуваат нам и среќата која ги снаоѓа другите”.

Германска поговорка: “Кој има среќа на тој не му е потребен интелект, кој има интелект, потребна му е среќа.”

Огист Конт, француски филозоф и математичар: “Да се живее за другите не е само закон на должноста, туку, исто така, и закон на среќата.”

Саи Баба, индиски духовен учител: “Не е среќа во тоа да се прави она што се сака да се прави , туку во тоа да се сака она што мора да се направи.

Како беше она: Ако споделите со 10 ваши пријатели сите црни магии ќе исчезнат, а само убавини ќе ви се редат ...