Дали знаете Што Е Среќа?

2417

Малку е потребно за да се биде среќен

Психолозите заклучиле дека таа не значи моментална екстаза, туку исполнетост и задоволство кои се чувствува подолго време. Среќата не зависи од околностите во животот, како што велат, туку од генетската компонента и, без оглед на тоа што се случува во нашите животи, ќе бидеме среќни колку што е запишано во нашите гени.

Деведесет проценти од луѓето, тврдат, природно е среќно и задоволно со своите животи. Можеби, ако живеете во далечниот Бутан, во земјата на најсреќните луѓе во светот, а не во “културата на лелекање”.

Затоа што, како што кажа нобеловецот Иво Андриќ: “Чудно е колку малку е потребно да бидеме среќни, а уште почудно како баш тоа малку нѝ недостасува.”

Која земја е навистина најсреќна? Малото кралство Бутан, Венецуела или некоја трета – сето тоа зависи од тоа кои параметри за среќа ќе ги земете в предвид. Тие велат дека денес парите се мерка на сите вредности.

Меѓутоа, во Бутан и Венецуела пеат дека во парите не е сè, бидејќи тие се многу позаостанати економски од многу други, но на ниво на лична среќа далеку над сите, бидејќи инвестираат многу во заедничка благосостојба, социјална сигурност и образование.

Холандскиот социолог Rut Vinhoven има свои параметри. Тој е основач на глобалната банка на податоци за среќа и меѓу 97 земји ги прогласи за најсреќни Данците, па по нив Швајцарците и Исланѓаните.

Како резултат на долгата демократска традиција, на високото ниво на донесување одлуки за сопствената судбина, сигурни влади и повисок животен стандард.

Продолжува на страна 3