Дали знаете Што Е Среќа?

2417

Како да ја повикате среќата?

Дали сте суеверни? Тоа не е важно, луѓето со генерации во некои мали знаци барале среќа. Еве некои од нив.

Детелина со четири листа: ја скинала Ева излегувајќи од Рајот како потсетник на среќни денови. Кога ќе ја најдете, како да сте фатите парчето од изгубениот рај. Обидете се да ја најдете. Тоа е тешко, тешко.

Прасе: во Германија и Австрија, ќе го добиете во марципанска верзија од секој кој ќе Ви посака Среќна Нова Година. Во средниот век, најдобар учесник во витешкиот турнир би ја добил рака на камилата, а најлошиот прасето. Но, шега на страна, прасето е неверојатно животно, затоа што го храните и поите, а добивате одлична шунка. Би рекле, среќата малку чини. Па не заборавајте обавезно да ја имате на менито за Нова Година.

Оџачар: или црниот ангел. Некогаш со своите вештини ги спасувал домаќинствата од пожари, носејќи го мирот и спокојот во семејствата. Нешто како животно осигурување со кое сте можеле да дочекате мирна старост. Уште ако се фатите за копче кога ќе го видите! Тоа е вашиот бонус.

Скршено стакло или керамика: дали се сеќавате на сцените од филмовите на грчки свадби кога се кршат чиниите, а свадбарите во екстаза кршат половина таверна? Е, па со тоа ги растерруваат злите духови. Така барем било за време на жртвените ритуали во многубожествените времиња.

Потковица: За да ви донесе среќа, мора да следите две златни правила. Прво, не смеете да ја купите, туку треба да ја најдете. Второ, обесете ја на вратата, така што нозете да се свртени нагоре, за да се задржи среќата, а не да истече.

Раката на Фатима: во арапскиот свет раката на најмладата ќерка на пророкот Мухамед во штити од уроци и симбол е на сила и среќа. Фатима или скратено Фата за нив е нешто како безгрешна девица кај христијаните.

Продолжува на страна 5