Скоро секој испитаник во Србија вели дека во утринските часови пие топол напиток заради задоволство, дружење или од здравствени причини.
Половина српски граѓани се буди со кафе, покажала пред некој ден објавената студијата за тоа кои топли пијалаци избрале локалните жители. Речиси секој испитаник постар од 15 години кажал дека денот го почнува со некој топол пијалок.
Според податоците на агенцијата за истражување на пазарот на компанијата ГФК, турското кафе обично се користи за разбудување, а инстант за разговор со пријателите. Во Србија, повеќето пијат црно кафе и тоа неколку пати на ден, додека веднаш зад него е чајот, кој се конзумира еднаш во два дена.
Колку е човекот постар, толку повеќе е наклонет кон поголеми количини на турско кафе. Истражувањето нарачано од страна на компанијата “Нескафе” сепак не го забележува овој тренд меѓу луѓето постари од 75 години. Во повеќето други кафиња најчесто уживаат младите кои спаѓаат во потрошувачите на топли пијалаци на база на чоколадото.
Најголемите љубители на турското кафе живеат на истокот и на западот на Србија. Инстант кафе најмногу се купува и нарачува во Белград, додека сладок топол пијалок најдобро поминува во Војводина.
Домашните потрошувачи во просек пијат една и пол шолја кафе во попладневните часови. Вработените испитаници често првото кафе го пијат на работа, додека невработените и постарите лица уживаат во утринскиот ритуал дома, сами или во друштво со еден сосед. Младите луѓе немаат вообичаени навики па им се случува во својата чаша на задоволството да уживаат колку дома, толку и со пријателите во кафулињата.
Испитаниците не покажаа дека нивните навики значително се менуваат во текот на викендот ниту по бројот на испиените шолји, ниту по изборот на брендови. Поголемиот дел од потрошувачите пијат горчливо турско кафе, а шеќер и млеко додаваат само во инстант производите.
На прашањето зошто пиете турско кафе, повеќето од испитаниците изјавиле – поради силниот вкус и поради тоа што ги разбудува. Овој пијалок обично се пие наутро, во утринските часови и по ручекот.
За инстант кафето, кафепиите истакнуваат дека се достапни, со пријатен мирис и лесно се подготвуваат. Во нив обично уживаат со друштво.
Додека испитаниците за кафето истакнуваат дека ги буди, “ги подигнува”, дава можност за дружење и задоволство, додека за чајот тврдат дека е здрав и дека пред сѐ го консумираат првенствено поради здравствени причини.
Првата шолја без друштво
Најголем број од испитаниците – 60 % од нив – и понатаму турското кафе го ставаат во шолја со традиционална големина. Сепак, сѐ поголем број на српските граѓани – околу 35 % – за истиот пијалак користи големи шолји од два децилитри.
Испитаниците тврдат дека во ова задоволство наутро уживаат вообичаено сами додека се подготвуваат за работа, учат, гледаат телевизија, седат на компјутер или ја чистат куќата.
Иако во кулинарството важи дека топлите пијалаци одат заедно со торти и колачи, истражувањето покажа дека само 5% од потрошувачите избира десерт со кафето односно 9% со чајот.



















