Дали сте под стрес ? Оваа едноставна активност може да ве смири за само неколку минути.

1207

Потребни се само 10-15 минути, два пати на ден, за да се намали нивото на стрес.

Современиот начин на живот со себе носи одредено ниво на дневен стрес. И додека различни луѓе се борат со стресот на различни начини (од вежбање, одење во природа до пеење и танцување), научниците откриваат едноставен и лесен начин за брзо намалување на нивото на стрес.

Студијата, објавена во медицинското списание Cureus, следела 23 мажи и жени на возраст од 18 до 60 години во текот на денот и ги мерела нивните нивоа на стрес. Испитаниците носеле уред кој им го мери пулсот, но и колку вежбале, спиеле и – потпевнувале.

Научниците им дале точни упатства. Секогаш кога биле под стрес, требало да дишат длабоко до четири секунди, а потоа да потпевнуваат мелодија шест до осум секунди.

Резултатите ги изненадиле самите научници. Испитаниците кои потпевнувале во стресни ситуации забележале најниско ниво на стрес. Но, како може потпевнувањето да биде толку смирувачко?

Според една теорија, потпевнувањето или вокализирањето на мелодија со затворена уста го активира парасимпатичниот нервен систем, кој има смирувачки ефект во стресни ситуации.

Затоа, научниците советуваат, за да го намалиме стресот, да потпевнуваме два пати на ден по најмалку 10 до 15 минути.

Затоа, следниот пат кога ќе се најдете во сообраќаен метеж, слободно почнете да потпевнувате. Ќе го намалите нивото на стрес и ќе го скратите времето на чекање.