Повторување на експериментите
Во новата студија 14 глумци добиле различни улоги во повторната поставка на Милграмовиот експеримент. По тестовите биле прашани дали се идентификуваат со лицето кое го спроведува експериментот или со ученикот.
Резултатите одговарале на Милграмовите откритија, повеќето глумци биле подготвени да спроведат болни струјни удари, посебно ако се идентификувале со лицето кое го спроведува експериментот. Меѓутоа, кога водачот на студијата се обидел да ги присили да го стиснат копчето и да испратат струен удар, повеќето одбиле.
Тоа сугерира дека послушноста е работа на избор.
– Колку учесникот повеќе се идентификувал со лицето кое го спроведувало експериментот и неговите научни цели, толку бил по подготвен да го послуша – вели Алекс Хаслам, психолог на Универзитетот во Квинсленд и еден од авторите на новата студија.
– Од друга страна, колку луѓето повеќе се идентификувале со ученикот, т.е. со жртвата, толку биле повеќе подготвени да ги отфрлат притисоците.
Што значи тоа?
Дали Милграм бил во право? Дали сме само битија кои следат авторитет без приговор, дури и кога тоа значи дека некого ќе го повредиме?
Не мора да значи. Иако експериментите дале слични резултати, истражувачите велат дека дошле до сосема поинакво објаснување за реакциите на испитаниците.
– Милграмовите резултати се толкувани како последица на тоа што луѓето природно се склони на тоа да следат наредби – вели Хаслам. – Меѓутоа, тоа не е случај. Дали ќе послушаат авторитет или ќе го отфрлат е работа на избор темелен на верувањето во цел на неговото делување.
Хаслам објаснува дека наместо слепо следење на наредби, многу луѓе всушност ги слушаат своите претпоставени затоа што може да се идентификуваат со одреден лидер или неговата цел, што им дава оправдување да го притиснат копчето. Тоа го прават свесно и намерно.
– Луѓето се подготвени да наштетат на другите кога се убедени дека тоа го прават за повисоки цели – додава еден од авторите Стивен Дејвид Рајхер, психолог на универзитетот Сент Ендрјуз во Шкотска.
– Вистинскиот проблем не е тоа дали луѓето се свесни дека прават зло. Проблем е што мислат дека прават добро.
Н О В О !!!
Бидете и вие дел од фамилијата на my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















