Дали луѓето се вродено злобни? Хафинтон пост – Њујорк

202

Секој кој слушал  какви било предавања за психологија, веројатно знае за познатата студија од 1963 година во која учесниците имале задача да даваат болни струјни шокови на недолжни луѓе.

Експериментот кој го спровел психологот Јејла Стенли Милграм открил дека повеќето луѓе ги следеле наредбите и практично извршиле егзекуција на други лица, дури и да сметале дека тоа што го прават е погрешно.

Милграмовото вознемирувачко откритие често се зема за пример како обичните луѓе бескрупулозните лидери како Хитлер можат да ги убедат да прават воени злосторства.

Меѓутоа, новото истражување заклучокот на познатиот психолог го става под знак прашалник. Дали луѓето навистина се подготвени на такви зла? Дали во нашата природа е да се покоруваме на авторитети, дури и ако тоа значи нанесување болка на другите?

Милграмовата студија остави многу прашања без одговор. Меѓутоа, научниците до сега не можеле да ги повторат неговите резултати од едноставна причина бидејќи етичките стандарди за спроведување на тие експерименти значително се заострени.

Меѓутоа, тим од австралиски и шкотски психолози нашле начин да ги надминат тие пречки користејќи техника наречена имерзивен дигитален реализам и повторно го спровеле Милграмовиот експеримент.

Милграмовата студија

Милграм им рекол на учесниците на студијата, група здрави мажи во Конектикат, да учествуваат во истражување за ефекти на казни на учење. Испитаниците добиле улога на учители и имале задача да даваат струјни шокови на други мажи, ученици, секогаш кога ќе погрешеле. Ученикот седел зад завеса и учителот не можел да го види. Волтажата на струјните удари се зголемувала со секој погрешен одговор.

Секако, ученикот бил глумец кој го ангажирал истражувачкиот тим, што учителот всушност не знаел дека тој не добива струјни удари.

Резултатите го вџашиле Милграм. Дури и кога ученикот врискал од лажна болка и хистерично барал да го пуштат надвор, 65 отсто учесници продолжиле да ја зголемуваат волтажата, додека на крај не дале и максимален удар од 450 волти, кој ако се работело за вистинска струја сигурно би го убило несреќниот ученик.

Милграм заклучил дека во човечката природа е слепо да ги следат наредбите, дури и кога тоа значи дека треба да се направат големи злосторства.

– Како човекот ќе реагира не зависи толку од неговиот карактер, туку од состојбата во која се наоѓа – рекол тој тогаш.

Продолжува на страна 2