Зошто спиењето на десната страна од телото лошо влијае на вашиот сон?

2453

Незабележливите и ситни навики можат да имаат големо влијание врз здравјето на луѓето.

Не е невообичаено начинот на кој седиме, одиме или положбата во која заспиваме негативно да влијае на непреченото функционирање на нашето тело.

Во овој поглед, неопходно е да се споменат причините поради кои е препорачливо да се спие на левата наместо на десната страна од телото, имајќи предвид дека квалитетот на сонот е исклучително важен за општата благосостојба на човекот:

1. Подобрена лимфна дренажа

Целиот лимфен систем ги транспортира штетните материи долж левата страна на човечкото тело. Затоа, спиењето во положба на левата страна е далеку поповолно за побрзо одводнување (дренажа).

2. Подобро чукање на срцето

Спиењето на левата страна ја олеснува целокупната работа на срцето, бидејќи главната артерија што ја пренесува крвта низ телото анатомски се наведнува налево.

3. Олеснето варење

Ако спиете на левата страна од телото, го спречувате прелевањето на стомачната киселина во хранопроводникот чиј излез е поставен на десната страна на желудникот. На овој начин сета киселина се задржува во желудникот, па се олеснува и самото варење.

4. Соодветно функционирање на панкреасот

Анатомски, желудникот се наоѓа на левата страна на абдоменот. Со спиењето на десната страна од телото, желудникот се става во неповолна положба во која врши притисок врз панкреасот, нарушувајќи го неговото оптимално функционирање.

5. Побрзо отстранување на токсините

Токсините на човечкото тело се обработуваат во слезината, која исто така се наоѓа на левата страна на желудникот. Со спиењето на левата страна се олеснува транспортот на токсините, се забрзува нивното отстранување во слезината и на овој орган му се обезбедува повеќе време за закрепнување.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.