Еве како да препознаете интелигентно дете

1874

Постојат многу работи кои децата ги прават, а родителите сè уште не можат да ги разберат.

Но, токму децата кои можат да ве изненадат со своите дела, зад себе кријат можеби многу повеќе од тоа што го гледате.

Доколку вашето дете прави одредени работи, веројатно имате мал гениј во вашите раце.

Штотуку проговориле, а веќе изговараат целосни реченици

Децата кои само што ќе проговорат ќе започнат и да изговараат целосни реченици и можете слободно да си разговарате со нив, важат за многу интелигентни.

Тие деца многу брзо и успешно го совладуваат говорот и многу често изговараат работи кои ќе ве зачудат.

Се сеќаваат на настани кои се случиле кога биле многу мали

Децата имаат неверојатна меморија, но сепак сеќавањето на настани од првите години од животот е навистина импресивно.

Почнуваат да читаат многу рано

Интелигентните деца започнуваат да читаат и пишуваат често во претшколска возраст. За многу брзо време сами си читаат приказни пред спиење.

Продолжува на страна 2