Направете го овој напиток и вашето тело ќе ви биде благодарно.
Искористете ја сезоната на црешите да направите вкусен напиток кој ја отстранува гладта, помага при слабеење и ги намалува воспалителните процеси.
Потребно
- 100 грама исчистени цреши
- 1 шака спанаќ
- 1 банана
- 3 дцл козјо млеко или козји јогурт
- сок од половина лимон
Подготовка
Сите состојки ставете ги во блендер и матете се додека да добиете хомогена смеса. Напитокот испијте го додека е свеж.



















