Ги запомнуваат своите соништа
Дури и ние возрасните имаме проблеми со помнењето на нашите соништа, но децата кои важат за интелигентни, многу често ги памтат своите соништа и им ги раскажуваат на своите родители.
Собираат предмети и се љубопитни да научат нови работи
Малите генијалци сакаат да научат нови работи и секогаш ќе ви поставуваат прашања за секоја мала ситница.
Тие се навистина љубопитни да ги испитаат сите предмети и многу често во раната возраст започнуваат со колекција на необични предмети, навика која трае и во подоцнежните години.
Уредно ги редат своите играчки
Многу деца одбиваат да ги средат своите играчки, но кога ќе бидат приморани, малите генијалци имаат посебен начин на кој ги редат играчките и многу често се лутат доколку им ги преместите.
Имаат бујна фантазија
Секое дете може да ве изненади со нивната фантазија, но интелигентните деца имаат толку бујна фантазија што ќе се зачудите какви приказни можат да измислат.



















