Прележана болест и дополнителна вакцинација – најдобра заштита од Ковид 19

1265

ПАРИЗ – Најдобра заштита од ковид-19 имаат лицата кои се вакцинирани во исто време и кои се заразиле со оваа болест, покажуваат резултатите од две студии објавени денеска.

Трудовите објавени во научното списание Lancet Infectious Diseases даваат некои одговори на прашањето за кое се дебатираше: дали сме подобро заштитени од ковид 19 по прележана болест или после вакцинација?

Резултатите од студијата укажуваат дека лицето кое имало ковид 19 треба да се вакцинира за дополнително зајакнување на имунитетот стекнат по инфекцијата.

Една студија се заснова на податоци собрани од повеќе од 200.000 Бразилци, пренесува Бета-Франс прес.

Вториот е заснован на податоци од Шведска, според кои поранешните пациенти кои имале ковид 19 задржуваат зајакнат имунитет до 20 месеци.