Рој пчели убиле повеќе од 60 пингвини на плажа во Јужна Африка | Откриени убоди во очите

1130

Телата на 63 африкански пингвини се пронајдени на плажата Boulders во Јужна Африка, во близина на Cape Town.

Додека експертите не ги испитале повнимателно, причината за смртта не им била позната. Ветеринарот кој се вратил на плажата повторно, пронашол убоди во нивните очи.

Според изјавите на јужноафриканските национални паркови, пингвините ненадејно починале, меѓу четвртокот попладне и петокот наутро (23 на 24 септември 2021). Ветеринари, експерти за пингвини и владини претставници се собрале да испитаат како умреле животните, но не нашле никакви повреди. Телата на африканските пингвини, наречени така затоа што се единствениот вид пингвин што гнезди на тој континент, биле однесени на обдукција.

Избодени се на оние делови од телото без пердуви

„Пингвините ги напднале пчели во пределот околу очите и перките, делови од телото кои не се заштитени со пердуви“, вели Allison Kock, морски биолог за The Washington Post. „Пердувите на телото на пингвинот се густо збиени и малку е веројатно дека убодите од пчелите можеле да навлезат низ пердувите. Кожата околу очите и перките ја немаат таа заштита и убодите можат да навлезат во тие области“.

Katta Ludynia, шеф на фондацијата за заштита, изјавила дека никогаш не видела пчели како напаѓаат било каков пингвин. Во изјава за NBC News, таа го окарактеризира како масакр без преседан. Научниците веруваат дека гнездото на пчелите било нарушено од нешто што предизвикало бегството на маса пчели и станале агресивни и одбранбени. За жал, на патот наишле на пингвини. Ренџерите ќе внимаваат на колонијата пингвини, барајќи гнезда што можеби ги имале мртвите птици. Ако ги најдат, ќе ги спасат јајцата или младенчињата и да ги одгледваат без мајки.

Потврдено е дека пингвините немале птичји грип

Тестовите направени на пингвините потврдиле дека немале птичји грип, што најмногу ги загрижи ветеринарите. Било пронајдено гнездо на пчели во близина на мртвите пингвини, па го поместиле. Африканскиот пингвин е загрозен вид, загрозен од дупчење на нафта и гас, рударство, лов, риболов и индустриско загадување. Има околу 41.700 возрасни и нивниот број продолжува да опаѓа. Во зоолошката градина во Сан Диего, бројот на пингвините се намалил за 60 проценти во последните 28 години. Само во Јужна Африка, според фондацијата, бројот на возрасни за размножување е намален од 80.000 на 20.600 во последните 20 години.

Популацијата на африкански пингвини брзо опаѓа и тажно е да се види смртта на толку многу здрави, возрасни пингвини, пишува NBC News. Овој необичен настан е дел од она што може да се случи во нормален избалансиран екосистем и доколку бројот на пингвини не се намалувал, не би била ваква трагедија.

Колонијата пингвини на плажата Boulders, една од најјужните точки на Африка, засолниште е за оваа загрозена птица. Двата парови за размножување од 1982 година ја зголемиле колонијата на дури 2.200 што ја направи колонијата Boulders светски позната. Тоа е едно од ретките места каде што одблизу може да се видат африкански пингвини.