Прекумерното препишување антибиотици е проблем затоа што бактериите развиваат отпорност

1185

Десетици студии покажуваат дека за многуте бактериски инфекции, доволно е да се земаат антибиотици за пократко време, само неколку дена, а не недели, бидејќи ефектот е еднако добар, пишува American Scientist.

Пократката терапија, исто така, носи помал ризик од несакани ефекти, велат тие.

Овие истражувања од април оваа година го убедија American College of Physicians да издаде нови упатства за најдобра практика за четири типа на инфекции – запаление на белите дробови, кое не настанало во болница, инфекции на уринарниот тракт настанати без компликации, инфекции на кожата познати како celulitis, под услов да нема гној и акутен бронхитис, кај луѓе со хронична опструктивна белодробна болест.

„Ова се едни од најчестите инфекции што интернистите ги третираат неделно и каде што многу антибиотици се даваат непотребно долго“, вели главниот автор и специјалист за заразни болести, Rachel Lee, од Универзитетот во Алабама.

Бактериите развиваат отпорност на антибиотици

Прекумерното препишување антибиотици е сериозен проблем бидејќи бактериите развиваат отпорност. Опасните организми, вклучително и MRSA, која се храни со месо, како и соеви на микроорганизми кои предизвикуваат инфекции на уринарниот тракт, туберкулоза и маларија, стануваат отпорни на лекови.

Доказите во корист на пократко давање на антибиотици се особено силни за пневмонија. Истражувањата покажаа дека три до пет дена антибиотици делуваат исто како и пет до 14 дена. Повеќе од 25 студии покажаа дека пократкото давање антибиотици, добро делува и кај инфекции на синусите и акутни напади на хроничен бронхитис.

Пократкото препишување на антибиотици ќе предизвика помала штета на корисни бактерии кои се дел од цревниот микробиом. Се разбира, некои инфекции бараат долготрајна терапија. Препишување антибиотска терапија со соодветно времетраење е клучно во борбата против супербактериите отпорни на лекови.