Домашната задача со која на учителката ѝ го скршиле срцето

291
Би сакал/а мојата учителка да знае дека немам другар/ка за да си играм.

Кајли Шварц, учителка во трето одделение во училиште во Денвер, Колорадо им дала на нејзините ученици многу едноставна задача. Ги замолила да ја довршат реченицата “Би сакал/а мојата учителка да знае дека…”

Неколку од одговорите, како што вели, ѝ го скршиле срцето.

Би сакал/а мојата учителка да знае колку многу ми неостасува татко ми бидејќи го депортираа во Мексико кога имав три години. не сум го видел/а 6 години.

Би сакал/а мојата учителка да знае дека дома немам молив за да напишам домашна.

Би сакал/а мојата учителка да знае дека бев малтретиран/а бев тажна/на.

Би сакал/а мојата учителка да знае дека татко ми има две работи и не ретко го гледам.

Би сакал/а мојата учителка да знае дека понекогаш листата за читање не ми е потпишана оти мајка ми е често отсутна.

Би сакал/а мојата учителка да знае дека на мајка ми можеби ќе и биде дијагностициран рак оваа недела и дека три пати оваа година немавме дом.

Би сакал/а мојата учителка да знае дека моето семејство и јас живееме во институција.