Топ 7 на митовите за сексот

1235
Зефс

Кога станува збор за сексуалниот живот, тогаш различните митови и предрасуди многу често нанесуваат голема штета и намалување на нивото на взаемно задоволство на партнерите.

Британски експерти раскажуваат за најраспространетите грешки.

Само спонтаниот секс е добар

Овој тип на размислување е не само наивно, но и штетно, бидејќи поради него луѓето почнуваат да се сомневаат во одржливоста и среќните односи кои ги имаат. Кога живеете заедно со еден човек повеќе од 10 години е малку веројатно дека одеднаш ќе посакате да имате секс на скалите на пример. Но тоа воопшто не значи дека сексуалниот живот е здодевен и несреќен. Нема ништо лошо во планираниот секс.

Секој пат сексот треба да е запрепастувачки

Некои луѓе се перфекционисти во сексот и очекуваат секој пат за време на половиот акт да доживуваат вонземни чувства слични на оние кога го правеле за првпат. Треба да сме реални во однос на ова. На секои 10 сексуални изведби 4 ќе се горе-долу, 4 ќе се добри, едно ќе биде фантастично, а едно – целосен неуспех.

Сексот е добар само во младоста

Минатата година 69-годишната актерка Хелен Мирен вели дека сексуалниот нејзиниот живот е прекрасен во споредба со оној “параноидален и шуплив секс”, кој таа го праела на млади години. Нејзините зборови ги потврдуваат и други истражувања кои покажуваат дека во годините што се сметаат за врв за сексот, мажите и жените се премногу зафатени со децата и работата. А кога доаѓа почесната возраст, тогаш има и многу повеќе време за добивање на вистинско задоволство од сексот.

Продолжува на страна 2