Ослободете се од комарците со трик кој делува ефикасно

1467

Покрај тоа што се користи за ѓубриво на растенијата, пилинг на кожата, засушениот талог од кафе или пак меленото кафе е одлично ефикасно средство и за комарците.

Бидете еколошки свесни и наместо да користите разни хемиски средства против комарците – користете го кафето!

Комарците, како и останатите инсекти, целосно ги одбива мирисот на кафе! Еве како тоа да го направите.

Напомена: Талогот од кафето е добро, но можете да користите и обично мелено кафе.

Упатство:

1. Талогот од кафето ставете го во алуминиумска фолија. Оставете го на ладно и суво место, додека целосно не се исуши.
2. Ставете ја фолијата, со исушениот талог од кафе на тацна, на рамна површина и отворете ја. Бидете сигурни дека вашите домашни миленичиња или деца немаат пристап до оваа област.
3. Запалете го талогот или кафето, за да зачади.
4. Талогот полека ќе гори, а чадот што се создава ги брка комарците.

Овој едноставен трик одлично функционира.

Освен против комарците, кафето може да се користи и против мравки. Ставете кафе на местата каде што се појавуваат и проблемот е решен.