Колку е подолг вратот – толку е неподносливо ‘рчењето, но вистинската причина лежи во храната!
Преголемото внесување сол е една од причините за постојаното и неподносливо ‘рчење, кој е проблем за човекот кој ја има оваа непријатна состојба, но исто така и за луѓето кои се во неговата непосредна близина.
Многу луѓе често се разведуваат поради ‘рчењето , но тоа е и опасно за животот на човекот.
Врвни доктори кога објаснуваат за “ноќна апнеа” , даваат до знаење дека битен фактор е солта, aко причината не е скриена не е во нешто друго. Внесувањето сол доведува до зголемување на нивото на течности во организмот.
Кога некој човек легнува и спие, течноста поминува во пределот на вратот, што доведува до стеснување на дишните патишта и отежнато дишење, а со тоа и до појава на ‘рчење, објаснуваат бразилските научници. Тие дошле до овој заклучок во една студија во која едната група субјекти дневно пиела диуретици и следела диета со намален внес на сол, додека другата не.
Откриле и дека екстремно опасната апнеа во која се прекинува дишењето се јавува поради дневен замор, хипертензија, проблеми со срцето, но и должина на вратот.
Колку подолг е вратот, толку е поголем ризикот од развој на оваа непријатна состојба, истакнуваат бразилските експерти, истакнувајќи дека треба да се обрне внимание на дебелината, алкохолизмот и пушењето.



















