Подгответе вкусна овошна салата со сладолед

2264

Потребно

  • Четврт шолја сок од лимон
  • Половина шолја шеќер
  • 2 банани сечени на тркалца
  • Половина ананас сечен на парчиња
  • Десет помали исчистени јаготки
  • 2 лажици свежо сечкано нане
  • Третина шолја кокосово брашно
  • Сладолед од ванила

Подготовка

Измешајте сок од лимон, вода и шеќер во тенџерето, стоплете ја до вриење, мешајќи постојано додека шеќерот не се стопи, па тргнете го тенџерето од органот и кога ќе се олади ставете го во фрижидер да се стегни.

Пред служењето во садот измешајте го овошјето, рамномерно прелејте го со шуруп, наросете со мента и кокосово брашно и лесно измешајте.

Салатата ставајте ја во чаши за послужување и преку секоја можете да ставите по лажица сладолед од ванила./Здравје и храна