Во која земја консумираат најпикантна храна?

1483

Во која земја консумираат најпикантна храна? Дали температурата има нешто заедничко со ова?

Една теорија вели дека луѓето почнале да додаваат лутост на храната, за да ги убијат бактериите.

Зошто во устата чувствувате пламен кога јадете зачинета храна со бибер? Некои соединенија во зачинетата храна активираат сензорни неврони наречени полимодални носисептори. Тие се среќаваат по целото тело.

Дали сте забележале дека не секоја пикантна храна е лута, на ист начин? Стандардната мерка за пикантност на храната е според скалата на Сковил, која ја мери содржината на капсаицинот кој може да се разреди во топлина, објави foodpanda.

Најлутата храна е во форма на спреј од пиперка, кој достигнува до 5 милиони Сковил единици.

Ролните од туна (Јапонија) се дел од начинот на исхрана кај самураите при обука за воини.

Фудпанда ги избра 10-те најжешки кујни на светот. Нигерија, Етиопија и Индија и Кина се земјите во кои се конзумира најмногу лута храна. По нив се подредуваат Кореја, Мексико и Јапонија. Третото место е определено за Перу, Сенегал и Сицилија каде исто се јаде повеќе луто од нормалното.

Што се случува кога јадеме лута храна: Наидуваме на истата физиолошкасостојба во која сме кога сме соочени со закана. Лутите пиперки и црниот пипер се направени од големи молекули, кои ни го горат непцето.

Кимчи чорба (Кореа) – зелен кромид, лук, тофу, печурки и многу, многу пиперки. Зачинетото ниво на ова јадење е променливо, се движи од толерантно до неверојатно луто „да се искине јазикот“. Се сервира топло, непосредно пред точката на вриење.

Сенфот и васабито се направени од помали молекули кои се разнесуваат во синусите. Ова е причината лутите пиперки да ги горат јазиците, а всабито- носевите. Се потиме и срцето ни чука побрзо. Интересн факт е дека оние кои сакаат да јадат пикантни работи се повеќе склони кон коцкање.

Вкусот за лута храна се наследува генетски.