Кога ќе најдете време да подразмислите за сексуалниот живот, секогаш има блага нота на незадоволеност и желба на некој начин да го прошири.
Сте ги пробале сите пози од Кама Сутра уште во почетокот на сексуалниот живот, а превртувањето во кревет не е за секого.
Паровите кои се со години заедно, почнуваат да размислуваат во насока на секс играчки, BDSM практики и играње на улоги.
Но има и природни начини сексот повторно да биде страстен и незаборавен, тврди рускиот сексолог Валерија Агинскаја.
Контакт без пенетрација
Всушност тоа е секс, но без пенетрација. Идеална поза за мажот е мисионерската, а половите органи само се допираат. Жената достигнува до оргазам пред пенетрацијата по стимулацијата на клиторисот. Оваа практика е погодна за мажи, дури и кога не се во целосна ерекција, возбудата се зголемува во текот на целиот процес.
Бакнежот
Не ја потценувајте моќта на еден убав бакнеж. Пред да стигнете до врвот на сексот престанете со пенетрацијата. Погледнете во очите на партнерот, синхронизирајте го дури и здивот со него. И започнете со бакнежи на усните – долги и страсни. Додека издржите во возбудата.
Фиренца-тортура
Не е познато зошто техниката го носи тоа име, според некои доаѓа од Борџија. Кај неа жената доминира и го има јавнато мажот. Ја соголува целосно главата на пенисот и го задржува во таа положба. По што започнува движења на триење кои на прв поглед изгледаат болни. Но ништо слично, сè е пријатно и возбудливо, смета сексологот.
Техниката на деветката
На сите им е јасно дека кога човек е зафатен со интелектуална активност за време на секс, на пример броење, се одложува неговиот оргазам. Кај “Техниката на деветката” е активен повеќе мажот, за жената останува да се отпушти и ужива. Методот е едноставен – Мажот прави седум мали упади (до нивото на главата на пенисот), плус два длабоки. Следат шест мали и три длабоки и така додека не достигнете девет длабоки. До овој момент жената би требало веќе да е блиску до оргазам, а ако тоа не е така – одбројувањето повторно може да започне.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.