Кина погодена со најголемата песочна бура во последните 10 години | Има починати, a 81 исчезнат во соседна Монголија | Фот/Видео

1727

Невремето што пред неколку дена го покри Пекинг со кафено-портокалова боја не било песок, односно оној што пренесува честички од песок, туку била бура од прашина.

Оваа разлика е важна затоа што големината на честичките игра голема улога кога станува збор за здравјето на населението.

Зрната песок се поголеми од 0,06 мм, а честичките од прашина се помали, полесни и можат да патуваат многу подалеку, односно ветерот може да ги разнесе низ целиот свет.

Честички помали од 10 микрометри, а особено оние помали од 2,5 микрометри, претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето, бидејќи тие се доволно мали за да завршат во белите дробови.

Одговорот на прашањето што ги предизвикува денешните бури од прав е сложен и веројатно е комбинација од неколку фактори, смета геологот Мет Телфер во списанието „Conversation“.

Во една неодамнешна студија, научниците анализирале колку различните социјални системи и климатските промени во Кина влијаеле на фреквенцијата на бури од прашина во последните 2000 години. Откриле дека зголемувањето на бројот на бури се совпаѓа со зголемувањето на населението и зајакнувањето на циркулацијата на азиските монсуни.

Интересно е што зачестеноста на ваквите бури се зголеми за време на периодот на обилни дождови, бидејќи во тој период населението се развиваше побрзо и се користеше поголема земјоделска површина.

Друг фактор што влијае на појава на бури од прав е од природно потекло. На пример, ретко населената депресија на Бодела во Сахара е најголемиот извор на атмосферска прашина во светот, и покрај неговата скромна големина. Причината за тоа се сувите услови во пустината, површините на ситните седименти и блиските планини кои го насочуваат ветрот во таа област.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.