Градејќи позитивни односи со другите, ние самите стануваме посреќни, поисполнети, поздрави и позадоволни во сите области од животот.
Осум одлични совети за тоа како да изградите добри односи со луѓето:
Прифатете ги и славете ги разликите
Еден од најголемите предизвици што го доживуваме во односите со другите луѓе е фактот дека сме различни. Можеме да го перцепираме светот околу нас на многу начини. Секако, сопката на која наидуваме лежи во обидот да создадеме односи во кои очекуваме другите луѓе да мислат како нас, да имаат слични навики, желби, цели … Но, тоа не е така – вели Лиги Веб, специјалист од областа на современи животни вештини, меѓучовечки советник и автор.
Не е голема тајна дека сите се чувствуваме попријатно кога ќе добиеме впечаток дека луѓето нè разбираат и можат да ги видат нашите ставови. Како и да е, животот би бил многу досаден кога би биле сите исти, иако градењето врска би било полесно на почетокот, но наскоро би го потрошило она што ја прави таа врска интересна, а тоа се токму нашите разлики. Затоа, прифатете ја различноста и бидете среќни што е така.
Внимателно слушајте ги другите луѓе
Слушањето е клучна вештина за подигнување на самодовербата на друга личност, тивка форма на ласкање што ги прави луѓето да се чувствуваат поддржани и ценети. Слушањето и разбирањето на она што другите ни го кажуваат е најважниот дел од успешната интеракција и обратно.
Активното слушање е единствената најкорисна и најважна вештина на вербалната комуникација. При активно слушање, соговорниците се вистински заинтересирани да разберат што мисли, чувствува, сака другата личност или што значи пораката што ја испратиле. Тогаш е од суштинско значење да се повтори или парафразира разбирањето на пораката од другата страна и да се „врати“ на испраќачот за верификација. Овој процес на проверка или повратна информација е она што го разликува активното слушање и го прави ефективно.
Продолжува на страна 2



















