Со боровинки и бадеми против стресот

1178

Природата сама создала голем број видови храна, со кои може да се намали крвниот притисок, тврдат кардиолозите.

Вистински чуда прават темните боровинки, кои се полни со витамин Ц и антиоксиданси. Токму такви супстанции му недостасуваат на организмот при стрес.

Млекото е уште еден антистрес производ. Тоа ги смирува нервите и е дополнителен извор на енергија.

Друг прехранбен производ против стресот се бадемите, кои се вреден извор на витамини Б2 и Е. А овие два витамини го засилуваат имунолошкиот систем кој при стрес станува премногу активен. Затоа бадемите овозможуваат човек да се опушти.

Експертите препорачуваат исто редовно консумирање на портокали – било како плод, било како сок. Овој плод е вистинско наоѓалиште на витамин Ц, кој моментално го намалува стресното ниво.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.