При хроничен гастритис е препорачливо да се консумираат повеќе млечни производи како свежо кравко млеко, кравји јогурт, путер, урда, сирење, павлака; кревки и посни меса како варено, мелено, печено на пареа или на скара, пржени и презла не се препорачливи.
Полезен е: варен јазик; супи од јагнешко варена пача; варена риба; ровко варени јајца; омлет на пареа; различни креми; сите плодови, но без семки и обвивката; овошни сокови; компоти; киселински; мусли; печени или варени овошје; млади и кревки зеленчуци; зеленчукови пиреа и сокови; бел леб; бисквити; тестенини; гриз; ориз; овес и сè треба да не е пржено.
Убаво е да се консумираат неостри зачини како: копар, магдонос, нане, слатка пиперка, доматно пире.
Добро е да се не се консумираат: кашкавал, таратор, стари меса, колбаси, помрсна риба, тврдо варени и печени јајца, незрело и сушено овошје, спанаќ, коприва, краставици и газирани пијалоци.
Воопшто не треба да се консумираат: пушено сирење, животински бубрезите, дебели колбаси, суџуци, луканки, пастрма, пржени меса, дивеч, мешункаста храна, ротквици, кисели краставички, мариниран зеленчук, пченка, сало, лој, сланина, сладолед, силен чај и кафе, алкохол и цигари.
Слатките работи како: баклава, слатка со шербет, колачи и пасти исто така не се препорачуваат.
Треба да има строга исхрана. Треба да се храните често, но без да преоптоварување стомакот, да јадете помалку, без прејадување. Месото и рибата треба да се варат во подолго време, за да станат многу кревки.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















