Американските здравствени власти го идентификувале прв случај на инфекција, која не потклекнува на лекување на ниту еден од познатите антибиотици.
Според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести, станува збор за 49-годишна жена од Пенсилванија која страда од инфекција на уринарниот тракт.
Според соопштението, објавено во списанието. “Antimicrobial Agents and Chemotherapy”, самата “супербактерија” е заразена со плазмид – мал фрагмент од ДНК, кој го дава генот наречен MCR-1, отпорен на антибиотици.
“Тоа значи дека имаме бактерија која засега е резистентна на сите лекови”, се наведува во истражувањето.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















