Една од можните појави при лакирањето е капнување од лакот врз дрвени површини како масичката, паркетот или ламинатот.
Веројатно инстинктот ќе ве натера веднаш да посегнете по ацетонот, но ви предлагаме ова да не го правите и да ја употребите испробаната техника за отстранување со помош на лак за коса.
Реагирајте веднаш и вашата маса или под ќе останат неоштетени.
Потребно
- Вата
- Лак за коса
Постапка
- Дамките од лак за нокти брзо ќе ги отстраните со лак за коса при што е важно брзо да реагирате бидејќи дрвените површини веднаш ја впиваат течноста.
- На дамката испрскајте лак за коса и отстранете ја со помош на вата.
- Никако немојте да ја размачкувате дамката ниту да ја впивате со тапкање, туку веднаш отстранете ја со еден потег од почеток до крај.
- Ако вака постапите, никој нема да може да забележи дека на тоа место ви се случила козметичка незгода.



















