Причината за овие добри резултати на смутито со боровинка истражувачите ја препишуваат на моќните антиоксиданси што ги содржи боровинката.
Освен антиоксиданси, оваа комбинација е преполна со калиум, кој на природен начин го намалува крвниот притисок. За да постигнете добри резултати, направете си го ова вкусно смути.
Еден дел користете го како појадок, а остатокот како поладневна ужина.
Состојки
- 1 шолја замрзнати боровинки
- 1 зрела банана
- 1 шолја јогурт
- 1 шолја млад спанаќ
Подготовка
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кремаста структура.



















