Еве на кој начи да избегнете сол во исхраната

69

Просечен човек внесува околу 11,6 грама сол дневно, иако препорачаната количина е максимум 5 грама.

Нормално, солта не смеете целосно да ја исфрлите од исхраната, но потребно е да воспоставите поздрави навики кога е во прашање зачинувањето на вашите оброци.

Прекумерните количини сол може да го покачат крвниот притисок и да предизвикаат низа други здравствени нарушувања.

Многу е важно да знаеме дека солта освен како зачин, ја внесуваме и преку ужинките и грицките, многу често несвесно. Особено треба да бидеме внимателни со чипсовите, сувомеснатите производи, колбасите и пекарските печива.

Затоа, следниот пат, обидете се да ја преполовите количината сол што ја додавате во чорбите и салатите, а наместо тоа, додадете оригано, кари, чили, бибер, сок од лимон, копар, куркума или кој било друг зачин што одговара со јадењето.

Подеднакво ќе биде вкусно, а ќе биде далеку поздраво отколку кога е подготвено само со сол.